9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: СЗО утврди дека нема докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија

Кина: СЗО утврди дека нема докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија

Кинеското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема докази дека коронавирусот, кој во светот зарази повеќе од 2 милиони луѓe, потекнува од лабораторија.

Портпаролот на министерството, Жао Лијиан го изјави тоа одговарајќи на прашања врзани за тврдењата дека коронавирусот потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде епидемијата за прв пат се појави на крајот на 2019 година.

Жао на дневниот брифинг, изјави на новинарите во Пекинг дека експертите на Светската здравствена организација “повеќе пати изјавиле дека нема докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека Вашингтон се обидува да открие дали коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан, а државниот секретар Мајк Помпео порача дека Пекинг треба да “изнесе на виделина” сè што знае.

Жао не се осврна директно на коментарите на Трамп.

Fox News во средата објави дека вирусот потекнува од вуханска лабораторија, но не како биолошко оружје, но дека Кина им покажува на САД дека имаат иста или подобра способност за идентификување на вируси и борба против нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП