7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошиле пет милијарди евра на домашни миленици: Мачките најпопуларни

Потрошиле пет милијарди евра на домашни миленици: Мачките најпопуларни

Германците трошат се повеќе на домашни миленици, а минатата година потрошиле повеќе од пет милијарди евра, покажуваат податоците на трговските здруженија.

Луксузните продавници за домашни миленици оствариле промет од 4,3 милијарди евра, што претставува раст од околу 2,4 проценти во споредба со 2018 година. Интернет пазарот, пак, пораснал за 705 милиони евра, а дури 105 милиони евра германците ги потрошиле на храна за птици.

Храната за мачки претставува најголем удел во трошоците за домашни миленици, зголемувајќи се за 1,2 проценти во однос на 2018 година, на речиси 1,6 милијарди евра. Храната за кучиња го заземала второто место со 1,5 милијарди евра, што е раст од 4,2 проценти на годишно ниво.

Мачките и понатаму се најпопуларните домашни миленици – германците ги имаат 14,7 милиони. Следат 10,1 милиони кучиња и 5,2 милиони мали животни.

Се вбројуваат птици, риби и влекачи, домашни миленици имаат околу 45 проценти од германските домаќинства, покажало истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП