29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ20 ги суспендира долговите на најсиромашните земји на 12 месеци

Г20 ги суспендира долговите на најсиромашните земји на 12 месеци

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој (Г20) одобрија привремено одлагање на отплатите на долговите на најсиромашните земји, соопштено е по виртуелниот состанок.

Во соопштението се наведува дека е договорен координиран пристап и дека тука иницјативата е одобрена од Парискиот клуб.

„Сите официјални билатерални доверители ќе учествуваат во оваа иницијатива“, додаваат од Г20, и ги повикуваат приватните доверители да учествуваат.

Саудискиот министер за финансии, Мухамед ал-Јадан на видео конференцијата за новинари изјавил дека долгот на најсиромашните земји е суспендиран на 12 месеци.

„Одлучивме да вложиме напори да ги заштитиме човековите животи“, изјавил Ал-Јадан, и истакнал дека е потребно да се поддржи светската економија и да се обезбеди отпорност на финансискиот систем.

„Мора да продолжиме и да ги зголемиме своите напори“, додаде Ал-Јадан.

Групата седум на индустриски најразвиени земји во светот (Г7) се заложи за суспензија на долговите на најсиромашните земји за да им помогне да се изборат со здравствените и економските последици од пандемијата од коронавирусот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП