4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпски полицаец жестоко удира човек кој наводно го прекршил полицискиот час(видео)

Српски полицаец жестоко удира човек кој наводно го прекршил полицискиот час(видео)

Српските медиуми објавија видео на кое се гледа како полицаец пет пати удира маж што седи на задното седиште во полициски автомобил.

„Н1“ пишува дека станува збор за човек што ја прекршил забраната за движење поради коронавирусот.

Како што пренесува „Блиц“, сè се случило вчера во центарот на Белград. На видеото јасно се слуша гласот на девојка што го набљудува настанот од страна и коментира „гледај како го удира, срам да му е“.

https://twitter.com/vladimir_pzbs/status/1250489765301977089?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1250489765301977089&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2581%25d1%2580%25d0%25bf%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b0%25d0%25b5%25d1%2586-%25d0%25b6%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25ba%25d0%25be-%25d1%2583%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2580%25d0%25b0-%25d1%2587%2F

Помошник-министерот и началник на секторот за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, Драган Кујунџиќ, рече дека однесувањето на полицискиот службеник ќе биде детално испитано.

„Во врска со снимката што се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа дека полициски службеник повеќепати удира приведен човек, секторот за внатрешна контрола ќе ги преземе сите мерки и дејства во рамките на својата надлежност и ќе го провери однесувањето на полициските службеници, а за тоа ќе биде информирано и надлежното обвинителство“, се вели во соопштението.

Министерот за полиција, Небојша Стефановиќ, рече дека снимката, која покажува неправилно постапување на полицаец, не е снимка што одразува каква полиција му е потребна на општството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП