3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Банките во еврозоната со 20 милијарди евра во борба со коронавирусот

ЕЦБ: Банките во еврозоната со 20 милијарди евра во борба со коронавирусот

Банките во еврозоната ќе имаат на располагање повеќе од 20 милијарди евра во рамките на финансиските мерки преземени против коронавирусот, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Во изјавата се вели дека банките во еврозоната ќе добијат капитални олеснувања во износ од над 20 милијарди евра за ублажување на макропруденцијалните мерки на националните супервизори во еврозоната.

„Европската централна банка ги поддржува макропруденцијалните мерки кои се донесени од страна на службените лица во еврозоната со цел сузбивање на влијанието на епидемијата од коронавирусот врз финансискиот сектор“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Наведените финансиски средства ќе ја зголемат кредитната способност на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП