26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата се прелива од танкерите и складиштата низ целиот свет

Нафтата се прелива од танкерите и складиштата низ целиот свет

За само три или четири недели, светот нема да има каде да складира нафта, изјави Торборн Торнквист, сопственикот на една од најголемите енергетски компании, “Gunvor”.

Во моментов речиси и да нема места во складиштата и танкерите. Трејдерите активно купуваат нафта на спот пазарот, со оглед дека чини помалку отколку за фјучерс договори. Тоа им овозможува да остварат дополнителни приходи – нафтата која е евтино купена, подоцна ќе се препродава по поскапа цена со одложена испорака.

Според мислењето на Торнквист, доколку целокупното намалување на производството на нафта по договорот со ОПЕК плус остане на 12-13 милиони барели дневно, нема што да се промени многу. Директорот на “Gunvor” објасни дека во април понудата е поголема од побарувачката за 25 милиони барели.

Како што се наведува, рафинериите за нафта во Русија, исто така наскоро ќе немаат каде да складираат производи, па ќе бидат принудени да изнајмуваат цистерни од железницата. Меѓутоа, од технички причини невозможно е да се запре производството.

ОПЕК плус во неделата го одобри новото намалување на производство на нафта на нивото од октомври 2018 година: за 23 проценти во мај-јуни, 18 проценти – до крајот на 2020 година и 14 проценти – до крајот на април 2022 година.

Во првата фаза, сојузот ќе го намали производството за 9,7 милиони барели дневно, потоа за 8 и 6 милиони. За Русија и Саудиска Арабија, референтната база ќе изнесува 11 милиони барели дневно.

Мексико инсистираше на посебни услови и ќе го намали производството за само 100.000 барели дневно во мај-јуни, додека остатокот ќе компензира со Соединетите Американски Држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП