10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлергии и коронавирус: Кога секое кивање создава страв

Алергии и коронавирус: Кога секое кивање создава страв

Во исто време, смртоносната болест го тероризира светот, а сезоната на алергии започнува или веќе е во полн ек.

Експертите велат дека алергиите можат да влијаат на респираторниот систем и да го направат кревок, па со самото тоа тогаш полесно и можете да се заразите со COVID-19.

Ако овие денови почесто кивавте, првата мисла која ви дојде на ум веројатно беше кратенка која го содржи бројот 19. А можеби само треба да погледнете низ прозорецот и да видите дека сè цвета.

Ако ве чеша носот, очите ви се црвени и кашлате, а склони сте на алергии, важно е да се заштитите. Како тоа да го направите, за CNN објаснуваат американските пулмолози и алерголози.

„Кога ќе добиете алергија, во вашето тело доаѓа до воспалителни процеси. Ако сте алергични на полен и го вдишувате преку нос, тој ќе почне да ве чеша. Ќе дојде до течење на носот и до други ситни воспаленија кои можат да го ослабнат вашиот имунитет и да ја олеснат пенетрацијата на вирусот COVID-19“, изјави докторката Лејк Рајт, која е на специјализација за алергии и имунологија во болницата во Бостон.

Затоа експертите тврдат дека е важно да се постапи превентивно.

„Обидете се што помалку да се изложувате на причинителите на алергии и започнете со земање лекови за намалување на симптомите на алергија што е можно повеќе, и со тоа да спречите формирање на слуз или настанување на воспаление“, препорачува педијатарот Мет Доерти, специјалист за лечење на астма и алергии кај деца.

Тој посочува дека најважно е да се минимизира “формирањето на слуз”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП