2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГутереш: Не е момент за намалување на финансирањето на СЗО

Гутереш: Не е момент за намалување на финансирањето на СЗО

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, изјави дека не е момент за намалување на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) по одлуката на САД за прекин на својот придонес.

„СЗО мора да биде поддржано бидејќи е апсолутно неопходно во светските напори да се победи војната против COVID-19“, изјави Гутереш.

Тој истакна дека ќе има време подоцна да се разгледа “како реагираа сите оние кои се вклучени во кризата”.

САД соопштија дека го суспендираат финансирањето на СЗО поради начинот на кој реагирале на пандемијата од коронавирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека СЗО “не ја изврши својата основна должност и дека мора да одговара”.

САД најмногу придонесуваат во СЗО, за која издвоиле повеќе од 400 милиони долари во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП