26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија нуди помош за обнова на Нотр Дам

Германија нуди помош за обнова на Нотр Дам

Германија нуди помош за поправка на Нотр Дам во Париз, една година откако катедралата беше тешко оштетена од пожар.

Официјални лица изјавија дека германските занаетчии би можеле да ги направат некои од уништените големи прозорци, кои се високи, под покривот на катедралата, поради нејзиното природно осветлување и проветрување.

Владата на Германија соопшти дека тројца производители на стакло кои вршат реставрација на катедрали во Германија, можат да понудат “голема стручност” на француските колеги.

Министерката за култура, Моника Грутерс најави дека Германија ќе ги сноси сите трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП