18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото достигна најголема вредност во евра и франци

Златото достигна најголема вредност во евра и франци

Цената на златото вчера ја достигна највисока историска вредност во евра и швајцарски франци.

До тоа дојде затоа што инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал, додека главните берзански индекси ја губат вредноста.

Златото во однос на франакот зајакна 13,5 проценти во изминатите месец дена, а дури 36,72 проценти во последните 12 месеци.

Како и претходните денови, на тоа најмногу влијаеа проценките од последиците од избувнувањето на пандемијата од коронавирусот врз светската економија и намалувањето на производството на нафта, договорено помеѓу најголемите светски производители на најважниот енергенс.

Цената на златото во евра денес скокна 1,52 проценти на 1.563,33 евра за унца во 11:14 ET, додека скапоцениот метал во долари се тргуваше по 1,21 процент повисока цена за 1.704,65 долари за унца во 11: 17 по источномериканско време.

Во меѓувреме, 15 минути подоцна, и вредноста на златото во Швајцарија ја достигна својата историски највисока вредност.

Поточно, во 11:29 часот ЕТ злато се тргуваше на 1.568,39 швајцарски франци за унца, што беше скок од 1,81 процент, така што сега најголема забележана вредност во франци е 1.569,95 за унца.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП