19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi продолжи со производство

Audi продолжи со производство

Германскиот производител на автомобили Audi, по три недели прекин, го продолжи производството. Познатиот авто гигант (дел од концернот Volkswagen) пред три недели ги затвори сите производствени погони во Европа, поради пандемијата од коронавирус.

Околу стотина работници во понеделникот се вратиле на работа во фабриката за мотори која се наоѓа во Унгарија.

Според претставник на Audi, вработените ќе работат само една смена наместо вообичаените три.

Наместо 8.000 мотори на ден, ќе произведува само неколку стотици.

Компанијата ќе овозможи физичко дистанцирање меѓу работниците, работните места ќе бидат разделени со ѕид од плексиглас, а работниците ќе добијат заштитна опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП