5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва европска земја излегува од карантин: Се отвараат илјадници продавници

Прва европска земја излегува од карантин: Се отвараат илјадници продавници

Во Австрија повторно се отвораат илјадници продавници како одговор на побарувачката за олеснување на рестрикциите кои се воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Градинарски центри, продавници за алати и мали продавници, ќе бидат отворени како дел од планот за постепено движење на економијата, пренесува BBC.

Правилата за строго социјално дистанцирање и понатаму се на сила, додека на луѓето им се препорачува да останат дома колку што е можно подолго.

Австрија воведе и обврска за носење маски во супермаркетите и аптеките.

Некои земји исто така ги олеснија наметнатите рестрикции поради епидемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП