29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија одби 39 милијарди евра од Брисел

Италија одби 39 милијарди евра од Брисел

Италијанската влада ја извести Европската комисија дека нема да повлече 39 милијарди евра од средствата на Европскиот стабилизационен механизам.

Според германски ARD, италијанскиот премиер Џузепе Конте изјавил:

„На Италија тие средства не и се потребни. И да бидеме уште појасни – не сме заинтересирани“, изјавил Конте.

Ваквата одлука е резултат на острите критики на Движењето четири ѕвезди.

Околу овие средства се води огромна битка со недели во ЕУ. Холандија инсистираше дека со користење на овие средства да се услови за спроведување на структурни реформи, на што Италија не се согласи.

На крајот помеѓу Холандија, Германија, Италија, Франција и Шпанија е направен компромис – средствата може да се искористат само за покривање на здравствени трошоци.

Италијанската влада го извести Брисел дека ќе користи само средства од Фондот за принудни одмори и средства на Европската инвестициска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП