3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Here Comes the Sun" ечи од разгласот на болниците во САД среде...

„Here Comes the Sun” ечи од разгласот на болниците во САД среде мрачни денови на пандемија

Најмоќниот лек за јакнење на моралот на здравствените работници во Њујорк, во епицентарот на кризата со новиот коронавирус, можеби е музиката.

Дневни инфузии на убави песни – од класиката на „Битлси“ – “Here Comes the Sun” до темата од филмот “Rocky” се испумпуваат низ болничките системи за јавно обраќање за да го зајакнат духот на медицинските сестри, докторите и помошниот персонал.

Во Соединетите држави околу 545.000 луѓе се дијагностицирани со „Ковид-19“ заклучно со неделата, а приближно 21.600 умреле од заразната болест, пренесува Ројтерс.

Дневна доза во 4.30 попладне на хитот “Call On Me” на австралиската поп-пејачка Старли, им дава сила на вработените во болницата Маунт Синај во Њујорк, кои ракоплескаат откако поголем број на пациенти биле пуштени дома од преполниот објект наспроти Универзитетот Колумбија.

„Некои луѓе ќе кажат дека ја прифаќаат својата судбина. Па, ако ова е судбина, тогаш ќе најдеме начин да јанизмамиме”, пее Старли. „Знаете дека можете да ме повикате, ако не можете да ги сопрете солзите да не паѓаат“.

На њујоршкиот Лонг Ајланд, радосната “Here Comes the Sun” ечи на разгласот во „Маунт Синај“ секој пат кога еден пациент се отпушта од болницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП