9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА5,4 милиони Канаѓани примаат по 2.000 долари поради загуба на работата среде...

5,4 милиони Канаѓани примаат по 2.000 долари поради загуба на работата среде пандемија

Владата на Џастин Трудо соопшти дека скоро 5,4 милиони канаѓани добиваат помош во замена за изгубените приходи поради пандемијата од коронавирус.

За оние кои ја изгубиле работата, канадската влада овозможила надомест од 2.000 долари месечно.

Според последните податоци, 5,97 милиони барања се поднесени во последните месец дена.

На почетокот на мај, ќе биде на располагање и помошта на малите и средни претприемачи од програмата за субвенционирање плати во висина од 75 проценти од примањата, за компаниите кои ќе докажат дека поради пандемијата COVID-19 изгубиле 30 проценти од приходите во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП