18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомалку од очекуваното: Трговскиот суфицит на Кина 18,46 милијарди долари

Помалку од очекуваното: Трговскиот суфицит на Кина 18,46 милијарди долари

Кинескиот трговскиот суфицит достигна 18,46 милијарди долари во март, што е помалку од очекуваното, соопшти денеска кинеската Царинска управа.

Кинескиот извоз е намален на годишно ниво 3,5 проценти во тој месец, што е помал пад од очекуваниот, додека увозот на најнаселената земја во светот порасна 2,4 проценти од година во година, и така надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои предвиделе дека тој ќе падне во март.

Во првиот триместар од фискалната 2020 година, кинескиот трговски суфицит достигна 98,3 милијарди јуани (13,9 милијарди долари). Во споредба со претходната година, Кина извезе 11,4 проценти помалку стока, додека за три месеци заклучно со март увозот е намелен 0,7 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП