27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБочели го расплака светот со својот концерт во празната миланска катедрала(видео)

Бочели го расплака светот со својот концерт во празната миланска катедрала(видео)

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели (61), за љубителите на музиката, како и за целиот свет што се бори против пандемијата на коронавирусот, пееше на Велигден во празната миланска катедрала Дуомо, а концертот се пренесуваше во живо на неговиот Јутјуб канал.

Милиони луѓе во светот го следеа настапот на италијанската ѕвезда, а коментарите на социјалните мрежи не оставија никого рамнодушен. Солзи, смеа, гордост, радост … Емоциите се разбрануваа за време на концертот, кој беше направен како симбол на љубовта, заедништвото и заздравувањето за време на пандемијата. Многумина ги коментираа снимките од празен Милано.


„Ме боли срцето додека гледам во празната катедрала и величествениот Бочели. Имам педесет години и никогаш не сум видел таква тажна, но убава слика одеднаш. Солзите не престануваат да течат. Држете се луѓе. Заедно сме посилни“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Бочели го придружуваше само катедралниот оргулист Емануеле Вијанели и заедно изведоа дела од сакрална музика.

На получасовниот концерт наречен „Музика за надеж“, гледачите можеа да ги слушнат „Ave Maria“, „Sancta Maria’“ и „Domine Deus“, а пред катедралата ја изведе „Amazing Grace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП