22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо овој град тоалетна хартија "паѓа од небото"(видео)

Во овој град тоалетна хартија “паѓа од небото”(видео)

Жителите на Кристијанбург, Вирџинија, веќе знаат како ќе изгледа животот кога доставата со дрон ќе стане дел од секојдневието.

Принудени да останат дома поради пандемијата од коронавирус, се повеќе граѓани нарачуваат преку пилот услуга за испорака, која ја води компанијата Ving, дел од американскиот конгломерат Alfabet.

Компанијата во текот на изминатите две недели, направи повеќе од 1.000 испораки во Кристијанбург, на пробни места во Хелсинки, како и во два града во Австралија каде движењето е исто така ограничено за да се запре ширењето на болеста. Работите кои најчесто се нарачуваат се кафе, тоалетна хартија и колачи.

Ving од октомври нуди испорака на стоки од аптеките Walgreens во Кристијанбург, што ја прави првa услуга за испорака со беспилотни летала во Соединетите Држави, во рамките на програмата која е спроведена од американската Федерална администрација за воздухопловството поради тестирање на интеграција на дронови во воздушниот простор на 10 локации во земјата.

Стоката се складира во погоните на Ving, од која беспилотни летала летаат на надморска височина од околу 45 метри и со брзина од 65 км на час над градот од 22.000 луѓе. Капацитетот на товарот е три килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП