26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледи заладување со дожд и снег

Следи заладување со дожд и снег

Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на зголемена облачност и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Tемпературата ќе биде 23 °C, P= 985 hPa, U= 23 %, V= 4 m/s.

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови кога на места ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места.

Во среда ќе биде претежно суво, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на дневната температура. Од четврток следува период на сончево и топло време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП