4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Бугарија маските се задолжителни до 26 април

Во Бугарија маските се задолжителни до 26 април

Носењето заштитни маски во Бугарија ќе биде задолжително до 26 април, пренесува агенцијата Novinite.

Министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев издал наредба сите лица да мора да носат заштитна маска на јавни места, но и во затворено. Мерката важи до 26 април.

„Сите граѓани, во затворен простор или на јавни места, вклучително и јавниот превоз, додека купуваат, во парковите, црквите, манастирите, храмовите, салите, на улиците, мораат да носат маска на лицето или со нешто друго да го покријат носот и устата“, изјави Ананиев.

Тоа неодамна го објави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој му наложил на Ананиев да ја воведе мерката. Тој изразил загриженост бидејќи ниската стапка на морталитет и морбидитет за време на епидемијата во Бугарија, во однос на другите земји, им дава на луѓето огромно чувство на безбедност. Борисов повторно ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на епидемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП