Кина без сомнение ќе продолжи да работи на создавање дигитална национална валута.
Toa го изјави потпретседателот на Централната банка на Кина, Фан Ивеи на деловна телеконференција за националната валута, златото, среброто и безбедноста.
Дури ни катастрофа како што е епидемијата нема да влијае на воведувањето на криптојуанот, напротив, може да го забрза, бидејќи употребата на готовина претставува дополнителен ризик од ширење на епидемијата.
„Кина одлучно ќе го продолжи истражувањето и развојот на легалното дигитално средство за плаќање и ќе го реформира системот за издавање готовина и нејзино повлекување од промет“, изјави Ивеи.
Минатата година, шефот на кинескиот центар за развој на дигитални валути, Му Чанчун, изјави дека дигиталниот јуан би требало да стане законско средство за плаќање со ист суверенитет како и фидуцијарните пари.
Службеникот истакна дека криптојуанот само ќе ја замени готовината кога станува збор за снабдувањето со пари на земјата, и затоа не е неопходна сериозна реорганизација на монетарната политика во врска со воведувањето на криптојуан.
Во декември 2019 година, Му Чангчун изјави дека дигиталниот јуан е подготвен за тестирање. Најголемите четири кинески банки, заедно со ,,тројката” мобилни оператори, требаше да започнат пилот проект во Шенжен и Суджоу до крајот на годината.