Луѓето кои ги следат милиони луѓе на социјалните мрежи шират гласини за поврзаност на 5G со коронавирусот, сметаат дека SARS-CoV-2 е направен од луѓе и е проширен со цел да се намали популацијата.
Влијателните, актерите, пејачите и другите познати личности на социјалните мрежи ги следат десетици милиони луѓе и пораките што ги испраќаат, односно содржината што ја објавуваат има далеку поголем пристап од повеќето медиуми. Поточно, дел од познатите личности, политичари и влијателни лица, покажало истражувањето на Институтот за новинарство на Ројтерс, се делумно виновни за ширење лажни вести поврзани со коронавирусот преку интернет. Иако тие самите учествуваат во ширењето на околу 20 проценти од ваквите лажни објавувања, ангажираноста на корисниците, или нивните следбеници, е исклучително голема и претставува околу 70 проценти од вкупните интеракции поврзани со таквите содржини на социјалните мрежи.
Колку се опасни ваквите лажни вести и нивната популаризација од познати личности најдобро може да се види од неколку примери во Велика Британија каде се запалени 5G базни станици. Некои луѓе мислат дека 5G и коронавирусот се поврзани – постојат неколку теории за ова и сите тие немаат смисла, но тоа не ги спречува теоретичарите на заговор да шират вакви лажни вести на интернет и да палат базни станици. Поради тоа, од YouTube решија да ги избришат сите теории на заговор за поврзаноста на коронавирусот и 5Г, а другите социјални мрежи се обидуваат да го минимизираат влијанието и ширењето на лажни вести. Мал број луѓе имаат големо влијание со содржините што ги шират, предупреди Скот Бренан од Институтот на Ројтерс.
Освен палење на базните станици, истражувањето на Даниел Алингтон од колеџот Кинг, Лондон, покажало како влијанието на лажните вести од виртуелниот свет имаат врз однесувањето во реалниот живот. Поточно, луѓето кои веруваат во вакви лажни вести и навистина веруваат дека целиот свет е ставен во карантин за да можат телекомуникациските компании да инсталираат 5Г антени или дека вирусот е само изговор за покривање на смртноста на некои особи предизвикана од 5G зрачењето, честопати нема да ги следат упатствата поврзани со останување дома, одржување на социјална дистанца, па дури и миење на рацете како една од најважните мерки за заштита од вирусот.
Како пример на познати личности кои шират лажни вести преку социјалните медиуми, „The Guardina“, ја спомeнаа пејачката Миу, која инаку е анти-ваксер, a сега тврди дека симптомите кога се наоѓате во близина на 5G базните станици се слични на симптомите на коронавирусот. Актерот Вуди Харелсон смета дека коронавирусот е поврзан со инсталирање на 5G станици во Кина, додека боксерот Амир Хан верува во различни теории на заговор. Освен тоа што што сме во карантин за да се расчисти простор заширење на 5G мрежата, тој верува дека коронавирусот е дизајниран во лабораторија и е распространет по луѓето, а причината е да се намали популацијата на Земјата.