14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Лажна е веста дека доцна сум реагирал на заканата од коронавирусот

Трамп: Лажна е веста дека доцна сум реагирал на заканата од коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ги отфрли критиките дека неговиот одговор на заканата од коронавирусот е задоцнет, нарекувајќи ги таквите обвинувања “лажни вести” од демократите и медиумите.

Трамп објави на Твитер: „Ако опозициската партија, лажните вести со цела своја сила ги турка тврдењата дека претседателот Трамп ‘ги игнорирал раните предупредувања на заканата’, тогаш зошто демократите и медиумите злобно ме критикуваа кога наметнав забрана за патување во Кина? Тие рекоа ’рано и непотребно'”. “Корумпирани медиуми”, напиша Трамп.

Американските медиумски извештаите сè повеќе укажуваат на загриженоста на начинот како Белата куќа реагирала на првите знаци дека се приближува пандемијата, намалувајќи го ризикот за САД во тоа време и пропуштиле да предупредуваат за потребата од обезбедување на залихите на потребните медицински материјали.

Во извештаите на Washington Post и New York Times се вели дека високи советници на американскиот претседател предупредувале кон крајот на јануари дека пандемијата на коронавирус би можела да убие стотици илјади американски животи.

Трамп, првично ја минимизираше сериозноста на опасноста од коронавирусот јавно до почетокот на март, стоејќи на ставот дека вирусот не е причина за загриженост за Соединетите држави.

Во тие први месеци, Трамп ги поздрави напорите на Кина да го задржи вирусот, кој избувна во кинескиот град Вухан.

Минатата недела тој ја обвини Светската здравствена организација (СЗО) и се закани дека ќе го намали нејзиното финансирање. “СЗО  потфрли”, напиша тој на Твитер, предупредувајќи дека САД е главен финансиер на оваа организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП