ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер

Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Попладне претежно во јужните и западните делови ќе има услови за локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 15 до 22 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала облачност, попладне променливо облачно. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степена.

Утре ќе се задржи суво и топло со повремено зголемување на облачноста. Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо. Потоа следува период на сончево време со пораст на дневната температура.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП