3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастат акциите на Нокиа

Растат акциите на Нокиа

nokija

Во јуни акциите на Нокиа поскапеа за околу 17 проценти, од 3.5 долари за акција до 4.2 долари, а претставувањето на „Lumia 1020“ само го засили овој тренд.

Додека кредитните агенции постојано го намалуваат рејтингот на финската компанија, кај инвеститорите очигледно се формира различно мислење за иднината на Нокиа, па тоа доведе и до раст на акциите.

Изгледа дека финскиот производител од крајот на минатата година (со пуштањето на „Lumia 920“) прави се за да ја подобри состојбата, а со последователното претставување на „Lumia 620“ и „Lumia 520“, а потоа и на „720“, ја докажа својата позиција на пазарот. Бестселерот „Lumia 520“ дури стана и најпопуларниот „Windows Phone“ во светот според рекламната мрежа „AdDuplex“.

Со појавувањето на пазарот на „Lumia 1020“, телефонот со најдобра камера во светот, според многу експерти, позициите на финската компанија треба да се зајакнат. За понатамошниот раст на акциите може да помогне премиерата на првиот таблет со 5-инчен „Full HD“ екран кој може да се очекува наесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП