14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија воведува казни - граѓаните што не носат маска ќе платат 25...

Австрија воведува казни – граѓаните што не носат маска ќе платат 25 евра

Австриската полиција ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат владините мерки на Владата за борба против коронавирусот.

Граѓаните што не носат маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра. За сите други прекршоци, предвидена е казна од 50 евра.

Досега полицијата само поднесуваше обвиненија против прекршителите на мерките, како што е непридржување доволно растојание од најмалку еден метар до други лица или собир на повеќе луѓе, а надлежните органи потоа ги испраќаа казните на домашна адреса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП