25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCEFTA: Приоритет на храна и лекови во прекуграничниот транспорт

CEFTA: Приоритет на храна и лекови во прекуграничниот транспорт

Земјите од Централноевропскиот трговски договор (CEFTA) го одобрија списокот на основни производи на кои треба да им се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт.

Целта е да се обезбеди соодветно снабдување во услови на криза од COVID-19.

Станува збор за храна и медицинска опрема која во иднина ќе има приоритет на премин на таканаречените “зелени коридори”, воспоставени со цел поефикасен транспорт и побрзо преминување на границите за сите стоки.

“Зелени коридори” подразбира забрзана правна и здравствена постапка на одредени гранични премини кои ќе бидат отворени за транспорт на стоки 24 часа, седум дена во неделата.

Најавата за пристигнување на стока на граничните премини ќе се прави преку Системот за електронска размена на податоци помеѓу царинската управа во рамките на CEFTA.

Од секретаријатот на CEFTA во Брисел велат дека концептот “зелени коридори” ќе започне да се применува од 13 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП