19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегистрирани 48 новозаболени, оздравени тројца, вкупно тестирани 496 лица

Регистрирани 48 новозаболени, оздравени тројца, вкупно тестирани 496 лица

Во изминатите 24 часа направени се 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица, информираат денеска од Министерството за здравство.

– Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска со два негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови, информираат од МЗ.

Од новодијагностицираните по градови се: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 284, Куманово – 168, Дебар – 49, Штип-21, Прилеп –50, Тетово – 31, Струга – 33, Велес – 18, Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –6, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19 и
Пробиштип – 1.

Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и ипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19.

– Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани два претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден, информираат од МЗ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП