Француската влада издвои 20 милијарди евра (21,7 милијарди долари) за помош на големите компании.
Тие мора да ја зајакнат својата база на капитал со поддршка од државата, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, пренесува Reuters.
„Одлучивме да издвоиме средства за кредити, да инвестираме 20 милијарди евра во посебен фонд за поддршка на капиталот на компаниите кои им е потребен, без разлика дали се јавни или приватни претпријатија“, изјави Ле Мер за Радио Европа 1.