20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата не ја заобиколи ниту трговијата со дијаманти

Кризата не ја заобиколи ниту трговијата со дијаманти

Рускиот производител на дијаманти, Alrosa изјави дека продажбата на компанијата во март е намалена за 60 проценти во однос на истиот месец во 2019 година.

Како што наведува, дошло до пад на побарувачката поради ширењето на заразата COVID-19.

Затворањето на границите и воведувањето вонредна состојба во многу држави во светот, ја погоди и трговијата со дијаманти, која традиционално подразбира многу патувања, пренесува Reuters.

Компанијата Alrosa, која е најголем светски производител на сурови дијаманти, мерено со карати, се обиде делумно да ги компезира последиците од актуелната криза нудејќи можности за интернет трговија и поповолни услови за плаќање во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП