16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на Microsoft предупредува: Вакви епидемии би можеле да се повторуваат секои...

Основачот на Microsoft предупредува: Вакви епидемии би можеле да се повторуваат секои дваесет години, мораме да се подготвиме за тоа

Државите во иднина ќе мора да го променат својот пристап во борбата против пандемиите и епидемиите, убеден е Гејтс. Вели дека ќе биде скапо, но не толку скапо како сегашната борба против пандемијата.

Иако не е епидемиолог или лекар, основачот на Microsoft, Бил Гејтс во последниве години стана еден вид експерт кога станува збор за заразни болести. Преку фондацијата која ја води со својата сопруга Мелинда, вложил милиони во истражување и развој на разни лекови и вакцини. Затоа, не е изненадување дека се најде во фокусот кога избувна пандемијата од коронавирусот. Делумно затоа што Гејтс таква пандемија предвидуваше пред неколку години, а делумно и затоа што е активно вклучен во пронајдокот на лек и вакцина.

Во разговор за Finacial Times, Гејтс се осврнал на глобалната борба против коронавирусот, но и истакна дека борбата ќе биде скапа затоа што земјите не се подготвувиле на време.

Светските лидери ќе мора да платат трилиони долари повеќе отколку што би морале ако биле правилно подготвени.

Ова е најголем настан кој луѓето ќе го доживеат во нивните животи, истакна Гејтс.

Додаде дека државите во иднина ќе мора да го променат својот пристап во борбата против пандемиите и епидемиите. Уверен е дека ќе мора да има во подготовка цели дијагностички системи, обемна дигитална библиотека за вируси и антивируси, како и ран систем за предупредување.

Трошокот за одржување на таков систем е многу мал во однос на она што сега го доживуваме. Луѓето сфатија дека постои добра шанса да се повтори такво нешто на секои дваесет години бидејќи многу се патува и некои од тие вируси ќе се прошират. Затоа граѓаните очекуваат владеењето на борбата против таквите пандемиите да стане приоритет, истакна Гејтс.

Уверен е дека лекциите кои ги научивме од оваа пандемија ќе ги стимулира луѓето да бидат подобро подготвени следниот пат. Но, додека тоа не се случи, мораме да бидеме подготвени и на втор и трет бран од епидемијата.

Додека не пронајдеме вакцина која ќе можеме да ја дадеме на голем процент од глобалното население, ќе постои ризик од повторна појава на епидемијата, изјави Гејтс.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП