20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Ваков тежок пад на економијата не е забележан од 1970

Германија: Ваков тежок пад на економијата не е забележан од 1970

Германија оваа година ќе биде во рецесија од 4,2 проценти, а економијата најлошо ќе помине во второто тримесечје, кога се предвидува дека бруто домашниот производ ќе падне за дури 9,8 проценти.

Се очекува најсилната европска економија следната година да порасне 5,8 проценти, но од ниска основа. Така, во пролетната прогноза предвидуваа пет економски институти кои веќе ги зедоа предвид економските мерки на земјата.

Германија никогаш не доживеала толку длабок пад на БДП, како што предвидуваа економистите за вториот квартал, од прибирањето на тримесечните податоци, т.е од 1970 година.

Падот е дури двојно подлабок од најдлабокиот квартален пад на БДП во последната финансиска криза од 2008 година. Економистите проценуваат дека земјата во првиот квартал забележала пад од 1,9 проценти.

Макроекономските бројки во другите земји се исто така ниски  поради коронакризата. На пример, Франција забележа пад на БДП од шест проценти во првиот квартал од оваа година, откако во последниот квартал од минатата година имала пад од 0,1 проценти. Франција веќе падна во техничка рецесија. Последниот пат францускиот БДП падна слично длабоко во вториот квартал од 1968 година, 5,8 проценти.

Институтот IFO од Минхен, во соработка со швајцарскиот институт KOF прогнозира дека еврозоната ќе биде во прилично длабока рецесија во првата половина од годинава, а ќе се врати растот во третиот квартал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП