3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализација на американската економија во мај?

Нормализација на американската економија во мај?

Највисоките претставници на администрацијата на Трамп задолжени за економијата се убедени дека американската економија би можела да започне да се враќа во нормални текови во мај.

Официјалните лица изразија верување и покрај предупредувањата од здравствените експерти, кои истакнуваат дека социјалното дистанцирање е клучно за победа над епидемијата од коронавирус, објави Reuters.

Проценките на министерот за финансии Стивен Манучин и економскиот советник во Белата куќа, Лари Кудло, се толкуваат како нов притисок да се врати економијата во нормалните текови, и покрај фактот дека стапката на смртност кај пациенти заболени од коронавирусот е во пораст.

На прашање на новинар од ТВ мрежата CNBC дали смета дека претседателот Трамп би можел да го одобри отворањето на продавниците во мај, Манучин кратко потврдно одговори.

Д-р Ентони Фаучи, угледен експерт за заразни болести во американската влада, вчера изјави дека е важно луѓето да останат во домашна изолација.

„Ќе мораме да ги удвоиме напорите во ригорозното спроведување на мерките за социјално дистанцирање за намалување на смртноста“, апелираше Фаучи во ТВ мрежата CBS, говорејќи за прогнозите на смртност од COVID-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП