23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУлтра богаташи исчезнуваат од листата на Forbes, но тој и понатаму го...

Ултра богаташи исчезнуваат од листата на Forbes, но тој и понатаму го држи првото место

На најновата листа на Forbes се најдоа вкупно 2.095 милијардери.

Во првата половина на март, 226 лица го изгубија статусот милијардер како резултат на економскиот слом предизвикан од коронавирусот, наведува Forbes.

Џеф Безос трета година по ред е на врвот на листата на светски богаташи, но светската пандемија ја измени листата на Forbes, па многу се отстранети од неа.

Богатството на Безос изнесува 113 милијарди долари, но и тој забележа пад од 18 милијарди долари во однос на минатата година, најмногу поради “оштетата” за развод од поранешната сопруга, но акциите на неговиот Amazon пораснаа за 15 проценти.

Второто место го држи ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс со богатство од 98 милијарди долари, што е повеќе за 1,5 милијарди долари во однос на минатата година.

Од останатите милијардери, 51 процент се посиромашни од минатата година.

Светските милијардери вредат околу осум трилиони долари, што е пад од 700 милијарди долари во однос на 2019 година, наведуваат од Forbes.

На најновата листа на Forbes се најдоа вкупно 2.095 милијардери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП