2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБетмобил продаден за 4,62 милиони долари

Бетмобил продаден за 4,62 милиони долари

batmobile1

Култниот Бетмобил од ТВ серија од 1960 година е продаден за 4,62 милиони долари, на аукцијата за олдтајмери во Скотсдејл, Аризона.

Продажбата која беше одржана во саботата навечер во аукциската куќа „Barrett-Jackson“, го воодушеви познатиот дизајнер на автомобили Џорџ Барис, кој во 1965 година го купи 10 години стариот модел на автомобилот „Lincoln Futura“, за еден долар од Форд.

Тој потоа, за 15 дена го претворил во бетмобил, вложувајќи 15.000 долари.

Купувачот на автомобилот е Рик Шампањ, сопственик на логистичка компанија од Феникс.

Црниот автомобил со флуросцентно-црвени рабови, кој Адам Вест го користеше како Бетмен во борбата против негативците, има V-8 мотор, команди на воланот и иновативен менувач кој се активира со притискање на копче. Покрај тоа, исто така, има и посебни додатоци како што е авто-телефонот, уред за испуштање на масло, дим како и два падобрана.

„Futura“ концептот првично е замислен од страна на дизајнерскиот тим на „Lincoln“ во „Ford Motor Co.“, а прототипот на автомобилот во целост е рачно изработен во 1954 година во компанијата „Ghia“ во Торино, Италија, и првпат официјално е претставен на изложбата за автомобили во Чикаго во 1955 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП