29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот регулатор: Google мора да им плаќа на медиумските куќи за објавување...

Францускиот регулатор: Google мора да им плаќа на медиумските куќи за објавување на содржина

Google мора да плати на француските издавачки куќи и на новинските агенции за објавување на содржините кои ги креирале, денес одлучи регулаторот за заштита на пазарната конкуренција.

„Практиката на Google нанесе сериозна и директна штета на медиумскиот сектор, а економската позиција на издавачите и новинските агенции и така е кревка“, стои во изјавата на францускиот регулатор Autorite de la Concurrence.

Регулаторот покренал постапка по жалбата на здружението на француските издавачи, а Google соопшти дека ќе ја почитува неговата одлука.

Американската технолошка компанија минатата година вети дека во склад со новите европски закони за авторски права повеќе нема да ги прикажува Французите во резултатите од пребарувањето на исечоците на вести од европските издавачи.

„Откако минатата година во Франција на сила стапи европскиот закон за авторски права, разговараме со издавачите за поголема поддршка и инвестиции во креирањето вести“, тврди потпретседателот на News во Google, Ричард Гинграс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП