18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците лани за кирии платиле 2,6 милиони евра

Македонците лани за кирии платиле 2,6 милиони евра

Македонските граѓани за закуп лани платиле вкупно 2,6 милиони евра, покажуваат последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности од Регистарот на цени и закупнини на недвижности.

Така за 12 месеци лани граѓаните платиле 648.000 евра за кирии за станови и куќи, а најмногу или повеќе од половината од парите или речиси 1,4 милиони евра чинела закупнината за деловен простор.

Само во последниот квартал или во периодот од октомври до крајот на годината, за кога се и последните податоци на катастарот, граѓаните платиле 176.000 евра за изнајмените станови, 75.000 евра за изнајмените куќи, 391.000 евра за деволниот простор, или вкупно за се за тие три месеци кириите чинеле 731.000 евра.

Најскапа пак месечна кирија за стан се плаќала во скопски Центар, каде што просечната цена во четвртиот квартал лани достигнала 274 денари по метар квадратен. Втора на листата со просечна месеча закупнина од 252 денари за метар квадратен.

Математиката покажува дека за просечни 50 метри квадратни стан во Центар, граѓаните во четвртиот квартал лани требало да платат за закупнина 13.700 денари или 222 евра, додека за истата квадратура во Карпош 12.600 денари или 205 евра, што е за 17 евра помалку од истиот стан во Центар.

Кириите низ различни градови во земјава варираат, а податоците покажуваат дека најефтина закупнина за метар квадратен во третиот квартал лани имало во Струмица каде изнесувала 60 денари за метар квадратен. Па така стан од 50 квадрати во Струмица во просек се изнајмувал за неверојатни 3.000 денари или околу 50 евра месечно.

Најмогу закупи во Центар, а во 5 општини нема ниту еден закуп

Во последниопт квартал лани во општините Арачиново, Вевчани, Маврово и Ростуше, Зрновци и Центар Жупа нема регистрирано ниеден договор за закуп на недвижности. Исто такa има 5 општини каде што има регистрирано само по 1 закуп, како и 7 општини со по 2 закупи. Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар 335, во општина Карпош 172, општина Чаир 107 и општина Аеродром 95 регистрирани закупи покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП