3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕИБ подготви пакет против короната вреден 5,2 милијарди евра за држави надвор...

ЕИБ подготви пакет против короната вреден 5,2 милијарди евра за држави надвор од ЕУ

Европската инвестициона банка (ЕИБ) ќе им обезбеди на земјите надвор од Европската унија 5,2 милијарди евра во рамките на својот пакет поддршка за решавање на ефектите од пандемијата од COVID-19, се вели во соопштението на финансиската институција.

Средствата се дел од поширокиот пакет помош за 100 земји надвор од ЕУ, кои ги најави Европската унија и нејзиниот “Тим Европа”, а поддржани се гаранциите од буџетот на Унијата.

Поддршката на земјите ќе биде овозможена по итна постапка, а целта е зачувување на работните места и животниот стандард на граѓаните кои работат во секторите кои се најтешко погодени од негативните економски и социјални последици од пандемијата, и ЕИБ планира и дополнително долгорочно финансирање на здравствените и економските сектори.

Пакетот поддршка на ЕИБ, на земјите од Западен Балкан исто така ќе биде достапен по забрзана постапка и прилагоден на специфичните потреби на различни сектори на економијата, а на земјите од регионот ќе им биде достапна и техничка поддршка и експертиза за брза подготовка на инвестициските проекти.

Групацијата ЕИБ најави и дека од овие средства ќе го забрза издавањето на веќе одобрените средства за финансирање на проекти во здравството, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП