Руските продавници забележале зголемено купување на алкохолни пијалоци во последните неколку недели, пред сè на вотката, вискито и пивото.
Во последната недела од март продажбата на вотка пораснала за 31 процент во однос на истиот период минатата година, додека продажбата на виски е зголемена за 47 проценти, а на пивата за 25 проценти, пренесува Reuters.
Мерките кои се воведени во Русија ќе бидат во сила барем до 30 април, а поради нив некои вработените се на неплатен одмор, некои се отпуштени, а на некои се намалени платите.
Во Москва, на граѓаните им е дозволено да излегуваат од куќите само за да купат храна или лек во блиската продавница, поради добивање на здравствена нега, да прошетаат куче или да фрлат ѓубре.
Еден од најголемите трговски ланци Magnit, соопшти дека ја удвоил продажбата на алкохол, додека друг ланец на продавници соопшти дека продажбата е утроена.
„Луѓето секој ден купуваат што можат – водка, коњак и пиво. Воглавно купуваат што е најевтино“, изјави еден од вработените во маркетот.
Властите ги повикаа граѓаните да се воздржат од лекување на своја рака со алкохол, наведувајќи дека алкохолот не може да го излечи COVID-19 ниту може да спречи пренесување на друго лице.