
Вебинарот, кој е посветен на сите мали и средни компании, почнува во 12 часот во четврток (16.04.2020) во организација на ПСМ Фондација.


Вебинарот, кој е посветен на сите мали и средни компании, почнува во 12 часот во четврток (16.04.2020) во организација на ПСМ Фондација.
Бесплатниот вебинар „Систематизација како стратегија за раст“ ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.
Има повеќе причини зошто и вие да бидете дел од овој вебинар, а меѓу нив ја истакнуваме можноста да се запознаете со следните аспекти.
Регистрацијата за вебинарот се одвива преку следниов линк, истиот ќе може да се следи на следниов линк, а овој документ ќе ви го олесни процесот на регистрација и влучување во вебинарот.
Модератор на овој бесплатен вебинар е д-р Драган Шутевски, професор во приватната високообразовна установа Евро колеџ, Куманово, во областа на управување со квалитет, оперативно управување и логистика, иновации и креативност и деловно моделирање.
Тој е автор и коавтор на 20 трудови, 10 книги и повеќе извештаи за проекти и национални и регионални стратегии.
За повеќе информации обратете се на [email protected] или на телефонскиот број 076 468 031.
Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.