16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците потврдија: На хируршките маски короната живее и до 7 дена

Научниците потврдија: На хируршките маски короната живее и до 7 дена

Најновата научна студија откри кои места се најризични

Новиот коронавирус е респираторна болест и најчесто се пренесува со капки, но одкако се појави, се расправа за тоа колку може да се задржи на површините.

Најновата студија објавена во стручното списание The Lancet откри дека коронавирусот најдолго се задржува на не’рѓосувачки челик, пластика, но и на хируршки маски – дури до 7 дена!

Студијата открила дека и на хартија се задржува најдолго три часа. Два дена морале да поминат за коронавирусот да исчезне од волна и други ткаенини, а најмногу време било потребно за вирусот да исчезне од надворешната страна на хируршката маска, пренесува Yahoo. Поточно, седмиот ден сè уште бил таму, иако во помали количини.

Поради тоа, исклучително е важно редовно да ги дезинфицирате површините со кои најчесто доаѓате во допир, но и да ја носите хируршка маска само еднаш, а потоа фрлете ја, претходно завиткајќи ја во посебна кеса. Ако користите памучна маска од домашна изработка, после секоја употреба исперете ја на 90 степени во машина и испеглајте ја пред следното користење.

Сите мазни површини се сметаат за најризични, вклучително и паметните телефони, тастатуритете и работни површини, без оглед од кој материјал се направени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП