28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија постигна нафтен договор со ОПЕК

Русија постигна нафтен договор со ОПЕК

Во рамките на договорот кој го постигна со земјите на ОПЕК, Русија е подготвена да го намали производството на нафта за 14 проценти, односно за 1,6 милиони барели на ден.

Денес тоа го соопшти неименуван службеник на руското Министерство за енергетика, објави TAS.

„Ја потврдувам нашата подготвеност да го намалиме производство на руска нафта за 1,6 милиони барели на ден“, изјави вчера официјален претставник на Кремљ.

Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и други земји, а предвидено е вкупно намалување на глобалното производство за 70 милиони барели на ден.

Денес се очекува да се одржи видео седница на земјите од ОПЕК за намалување на светското производство на нафта.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија е подготвена да го намали производството на нафта само доколку и другите светски производители на нафта, вклучително и САД, се согласат да го направат истото.

Претходниот договор во рамките на ОПЕК истече на 31 март, но Русија и Саудиска Арабија не постигнаа договор за нејзино продолжување.

Имено, поради неуспешните преговори за продолжување на претходниот договор, земјите на ОПЕК по инерција го зголемија своето производство, но во моментот на ширење на коронавирусот во светот и падот на побарувачката за нафта на светските пазари, цената на нафтата за барел падна на 22 долари, најниско во последните два децении.

На крајот на март беше договорено продолжување на преговорите и беше испратена покана до сите земји производители на “црно злато” да се вкучат во нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП