24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPebble продаден во 275.000 примероци

Pebble продаден во 275.000 примероци

pebble

Голем пораст бележи кампањата на „Kickstarter“ за паметниот часовник „Pebble“. Компанијата иницијално има собрано преку 10 милиони долари за овој проект, а неодамна објавија дека нивниот уред е продаден во преку 275.000 примероци.

Од компанијата истакнуваат дека моментално имаат проблем да го проследат побарувањето на пазарот, т.е. тие што го поддржаа проектот се уште ги немаат добиено своите паметни часовници.

Од јануари „Pebble“ испорача преку 93.000 паметни часовници, но останаа голем број на нарачки кои не се испорачани.

Покрај ова превземени се еден милион апликации на „Pebble“ од страна на компании и програмери, а се очекува овој број да порасне во наредниот период. Од компанијата истакнуваат дека сега ќе се посветат на ширење на својот „API“ за подобро корисичко искуство и подобра комуникација меѓу паметниот часовник и паметниот телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП