25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Норвешка скокнала на 15,4 проценти

Стапката на невработеност во Норвешка скокнала на 15,4 проценти

Стапката на невработеност во Норвешка вчера скокнала на 15,4 проценти од нивото од 14,7 проценти од 31 март, соопштила Агенцијата за труд и социјална помош (НАВ).

Ова е рекордна стапка на невработеност во таа нордиска земја, бидејќи економијата практично запре поради мерките за сузбивање на пандемијата од болеста COVID-19, објави Reuters.

Норвешката влада минатиот месец објави итно затворање на многу јавни и приватни институции, вклучувајќи училишта и градинки, а работата ја прекинаа и претпријатијата, што на крајот резултираше со отпуштања на повеќе стотици илјади работници.

„Невработеноста е највисока во секторот туризам и сообраќај, каде 26,9 проценти од работната сила е регистрирана како целосно невработена“, се наведува во соопштението од NAV.

Владата вчера требала да објави дали ќе се изменат воведените мерки за ограничување, кои се во сила до 13 април, додава британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП