27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо укинување на изолацијата 65.000 луѓе го напуштиле Вухан

По укинување на изолацијата 65.000 луѓе го напуштиле Вухан

Утрово, по два и пол месеци е укината изолацијата во Вухан, од каде се прошири пандемијата од коронавирус по целиот свет. Градот го напуштиле околу 65.000 луѓе користејќи возови и авиони.

За сообраќај се отворени и патиштата, мостовите и тунелите, со што им е овозможено на илјадници други да излезат од градот со автомобил и автобус доколку можат да покажат апликацијата во телефонот која докажува дека се здрави и дека не биле неодамна во контакт со некое заразено лице.

Покрај тоа, во сила остануваат одредени ограничувања, вклучително двонеделен карантин кога од Вухан ќе пристигне на местото на дестинацијата.

Во Кина денес се забележани 62 нови случаи на коронавирус, од кои 59 се однесуваат на лица кои пристигнале од странство. Вирусот однесе уште двајж животи, така што вкупниот број на мртви од почетокот на епидемијата во декември минатата година порасна на 3.333, објави AP.

Во Кина се заразени вкупно 81.802 лица. На лекување се 1,190, меѓу кои 189 се во критична состојба. Во изолација се 1.178 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП