25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на Twitter донира милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот на Twitter донира милијарда долари за борба против коронавирусот

Основач на Твитер и апликациите за плаќање под името Square – Џек Дорси објави дека ќе донира милијарда долари за борба против смртоносната пандемија од коронавирусот.

BBC пишува дека сумата од милијарда долари е еднаква на 28 проценти од вкупното богатство на Дорси. Својата донација ја најави преку Твитер.

Во САД постои недостиг на респиратори и опрема за лична заштита, а многу бизниси и поединци имаат големи економски проблеми.

Дорси изјави дека ќе ги искористи акциите на Square кои ги поседува за финансирање на донации, кои ќе бидат поделени преку фондацијата Start Small. Неговата желба е да донира пари за цели во кои ќе може да го види своето влијание.

Тој не е единствениот милијардер од светот на технологијата кој одлучи да донира пари. Основачот на Facebook, Марк Закерберг вети 30 милиони долари за развој на третмани против коронавирусот. Шефот на Amazon, Џеф Безос донираше 100 милиони долари на банките за храна во САД за да им помогне на оние на кои им е потребно. Првиот човек на Apple, Тим Кук во март објави дека компанијата ќе донира медицинска опрема во Италија, која е тешко погодена од пандемијата од коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП