4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го гради најдолгиот подводен тунел

Кина го гради најдолгиот подводен тунел

Tunel

По пауза од 20 години кинеските власти одлучија да започнат со градба на најдолгиот подводен тунел во светот. Во овој проект е планирано да бидат вложени 42 милијарди долари, а тунелот ќе биде долг 123 километри.

Околу 42 милијарди долари ќе бидат вложени во градбата на тунелот кој ќе ги поврзува градовите Далијан со Јантај.

Тунелот според планот ќе биде граден под Бохајскиот залив и се очекува да биде долг 123 километри.

Tunel 1

Се уште не е прецизирано кога проектот ќе биде завршен. Прв пат планот за изградба на овој тунел беше објавен во 1994-та година, но не беше продолжена фазата на планирање.

Се предвидува дека со изградбата на тунелот патот меѓу двата града од сегашните шест до седум часа ќе биде намален на само 40 минути, а според пресметките трошоците за изградбата ќе може да се надокнадат по 12 години користење.

Tunel box

Моментално најдолгиот подводен тунел е Сеикан со 54 километри и ги поврзува островите Хоншу и Хокаидо. По 20 години градење тој беше отворен во 1988-та година.

Тунелот кој ги поврзува Англија и Франција е долг околу 51 километар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП