4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на горивата во Словенија најниски во последните 11 години

Цените на горивата во Словенија најниски во последните 11 години

Регулираните цени на горивата на бензинските пумпи во Словенија од вторникот во 00:00 часот се најниски во последните 11 години, па за литар бензин 95 октани треба да платите 1,029 евра, а за дизел гориво 1,017 евра.

Владата на дописната седница на 7 април објави дека ги намалила акцизите кои државата ги пресметува за гориво и сочинуваат значаен дел од конечната малопродажна цена.

Но, на падот на цените на горивата во последно време допринесува падот на цената на нафтата на меѓународниот пазар, и намалената побарувачка како резултат на пандемијата од коронавирусот и рестрикциите во економијата, како и сообраќајот со моторни возила.

Ваквите ниски цени во Словенија се однесуваат само на бензинските пумпи надвор од мрежата на автопати и државни патишта, затоа што цените на пумпите по автопатите и државните патишта остануваат нерегулирани, па ги одредуваат нивните сопственици.

Станува збор за најниски цени на горивата во Словенија од средината на 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП