3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Осум милијарди евра за 100.000 мали и средни претпријатија

ЕУ: Осум милијарди евра за 100.000 мали и средни претпријатија

Европската комисија обезбеди милијарда евра од Европскиот фонд за стратешки инвестиции како гаранција за Европскиот инвестициски фонд.

Тоа на ЕИФ ќе му овозможи да издаде посебни гаранции со кои ќе ги потикне банките и другите даватели на кредити да обезбедат ликвидни средства за најмалку 100.000 европски мали и средни претпријатија и мали претпријатија со средна пазарна капитализација кои се погодени од економските последици од пандемијата од коронавирусот, а вкупниот износ на финансирање се проценува на осум милијарди евра.

Мерката која вчера е објавена ја спроведе намерата на Европската комисија итно да им помогне на најтешко погодените мали и средни претпријатија, средства кои би требало да се исплатат веќе во април.

„Бизнисите во цела Европа се наоѓаат во тешка состојба. ЕУ бргу реагира за да ги ублажи ефектите од тековната криза и да им помогнат на малите и средни претпријатија кои се особено чувствителни. Комисијата и Европскиот инвестициски фонд овозможија европските мали и средни претпријатија погодени од пандемијата од вирусот брзо да исплатат парични средства, во вкупен износ од осум милијарди евра. Средства ќе започнат да исплаќаат веќе овој месец преку локалните банки и давателите на кредити за да помогнат на најтешко погодените“, изјави Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП