13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија подготви пакет економска помош од 989 милијарди долари

Јапонија подготви пакет економска помош од 989 милијарди долари

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе се подготвува да објави пакет економска помош од 108 трилиони јени за справување со кризата предизвикана од коронавирус во таа земја.

Абе вчера изјави дека деталите за овој пакет помош ќе ги претстави денес.

Овој пакет помош е еднаков на една петтина од економијата на Јапонија и вклучува пет трилиони јени во парични придобивки, заеми за заштита на работните места, продолжувања на роковите за плаќање данок и исплата на социјални придобивки.

Владата на Јапонија досега, полека воведуваше мерки во борба против пандемијата, а неодамна објави дека Олимписките игри во Токио 2020 ќе бидат одложени.

Меѓутоа, ширењето на вирусот ги принуди Абе и другите владини претставници да разговараат за построги мерки за потиснување на вирусот и во врска со тоа се очекува Абе утре да објави и воведување на вонредна состојба во таа земја, барем за поголемите градови како што е Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП